За македонската култура

За македонската култура

 

Културата на Македонците е импресионистичко-традиционалистичка. Таа е силно поврзана со родната земја и поднебјето во коешто живеат. Богатото културно наследство на Македонците доаѓа до израз во народното фолклорно, но и современо творештво, раскошните народни носии, незаборавната музика, кулинарските делиции, украсите и орнаментите во градските и селските куќи, самиот архитектурен стил, манастирите и црквите, иконостасите, иконите, дрворезите, литературните дела итн.

 

Македонија се смета за лулка на словенската писменост и култура, а градот Охрид за Ерусалим на словенското православие. Имено, во Македонија била создадена првата словенска азбука, и се направила прва кодификација на старословенскиот јазик. Солунскиот македонски дијалект се зел како основа за црковно-словенскиот јазик на кој до ден денес се држи богослужба.

 

Comments are closed.