Самарџиство

Самарџиство

 

Самарџискиот е еден од постарите занаети. Тоа е изработка на самари за коњи и магариња. Алатот се состои од рачно изработени дрвени и железни алатки. Мајсторите користат јасеново или буково дрво, јутено платно, штавена јагнешка или овча кожа и слама. По зима се прави подготовка, а на лето спојување на самарите. Со делкање на дрвото, самарџиите го прават предниот (облак) и задниот дел (крст) од кобилицата на самарот, во која вметнуваат измазнети гредички (штици). Во таа дрвена рамка, самарџиите поставуваат јутени или кожни перници наполнети со слама. Самарите ги шијат рачно, со специјални игли.

Во минатиот век овој занает бил важен дел од општественото живеење. Самарите биле барани, а занаетот иако тежок, бил доходовен. Најмногу бил застапен во руралните средини. Магарињата и коњите на луѓето им служеле да патуваат и пренесуваат стока. Денес во Македонија самарџиство скоро и нема, па така, уште еден занает полека изумира.

 

Comments are closed.