Везови од Прилепско поле

Везови од Прилепско поле

Народните везови во пределот Прилепско поле, голем рамничарски предел во средниот дел на Брсјачката етничка област, се познати по тоа што во минатото биле едни од најдекоративните везови во Македонија.

  Сл. 1

Сл. 1 – Прилепско поле, крај на 19. век. Димензии 26 х 25 см. „Ракавче лозено“, невестинско – додатни ракави од „саја“ (женска горна облека). Везено со „аловна“, „ѓувезна“ и црна волна. Мотивите се оцртани („наклавани“) со жолта срма. Техники: „лозено-полнето“, „травци“. Мотив „крстои“.

  Сл. 2

Сл. 2 – Прилепско поле, крај на 19. век. Димензии 27 х 27 см. „Ракавче лозено“ – додатни ракави од женска празнична „саја“ (горна облека). Везено со „аловна“, „ѓувезна“ и црна волна. Техника „лозено-полнето“. Мотиви: „шапки“ и „клучиња“.

  Сл. 3

Сл. 3 – Прилепско поле, крај на 19. век. Димензии 25 х 28 см. „Ракавче писано“ – додатни ракави од женска празнична „саја“ (горна облека). Везено со „аловна“, „ѓувезна“ и жолта волна, бела и жолта срма. Техники: „писано“, „синџиречко“ и „сукан трашец“. Мотив „колца“.

  Сл. 4

Сл. 4 – Прилепско поле, с. Костинци, крај на 19. век. Димензии 11 х 36 см. и 9 х 23 см. Вез од долен дел на женска кошула („пола“ и „пореборник“ со „околеш“). Работено со волна во бои: „аловна“, „ѓувезна“, црна и жолта. Техники: „лозено-полнето“, „травци“.

  Сл. 5

Сл. 5 – Прилепско поле, крај на 19. век. Димензии 23 х 31 см. „Ракавче грабено“ – додатни ракави од „саја“ (горна облека) за постара жена. Везено со „аловна“, „ѓувезна“, црна и зелена волна. Техника „грабено“. Мотив „едно колце“.

  Сл. 6

Сл. 6 – Прилепско Поле, почеток на 20. век. Димензии 37 х 7 см. и 14 х 40 см. Јака („корил“) и вез за на гради („предници“) од женска кошула. Везено со „аловна“, „ѓувезна“ и црна волна. Техника „полнеж“.

  Сл. 7

Сл. 7 – Прилепско поле, с. Костинци, крај на 19. век. Димензии 11 х 36 см. и 9 х 23 см. Вез од долен дел на женска кошула („пола“ и „пореборник“ со „околеш“). Работено со волна во бои: „аловна“, „ѓувезна“, црна и жолта. Техники: „лозено-полнето“, „травци“.

Извор: Општина Прилеп

Comments are closed.