Киро Урдин (Струмица, Република Македонија, 12 мај 1945) е современ македонски сликар, визуелени мултимедијален уметник, филмски режисер, скулптор, писател, поет, новинар, а по професија и правник.Во Струмица го завршил основното и средното образование. Дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971–1973 работел како новинар, но подоцна студирал на парискатаАкадемијата за применетауметност. Во 1997 година дипломирал на Академијата за филм во Париз каде и денес живее и работи. Во 1982 и 1983 изработувал портрети на истакнатите учесници на „Струшките вечери на поезијата“. Од 1984 година професионално се занимава со сликарство и има реализирано над 100 самостојни и групни изложби во познати галерии и музеи.
Урдин твори како слободен уметник во повеќе земји – Франција, Сад, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Порторико, Филипини и Тајван. Од 2005 година е член на МАНУ. Во 1997 година ја претставуваше Република Македонија во Солун, културната престолнина на Европа, а во 2008 година ја претставуваше Македонија на Фестивалот на франкофонија во Русија. Урдин е уметнички основач на движењето Планетаризам.
Творењето на Киро Урдин еволуираше надвор од традиционалните медиуми како што се филмот и сликите со вклучување на танцот, скулптурата, книжевноста, фотографија, филозофијата и дизајнот. Неговото име за првпат е запишано на книгата афоризми „Le Dedoublement de la Personnalite“. Следува книгата „Le Dessin, le Pastel et l’Aquarelle of the contemporary arts“. Ги илустрирал книгите на Jacques Delors „Combats pour l’Europe“ и на Antoli Karpov „Mes plus belles victoires“. Досега има објавено 15 книги со афоризми и една книга поезија со наслов „Новели“. „Светлина“, поема од книгата, беше избрана за Фестивалот на Пушкин во Москва.
Покрај сликарство и книгите, од работилница на Урдин излезени се и неколку краткометражни филма,„Уметноста на Киро Урдин“, „Те сакам, Ибан“ и „Планетариум“ во продукција на МРТВ. Киро Урдин е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои и на наградата „Златна бубамара на популарноста“ за животно дело во уметноста.