Глаголицата или глаголското писмо е првата словенска азбука која имала 41 буква. Глаголицата ја создал Св. Кирил, со помош од брат му Св. Методиј, пред заминувањето во Моравската мисија во 863 година за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици. Азбуката го добила името по старословенскиот збор „глаголъ“, што значи „збор“. На старословенски се користи зборот „Кириловица“. Познато е дека постојат два типа на глаголица: заоблена и аглеста. Заоблената глаголица ја познавал сиот словенски народ, а аглестата само Хрватите.
Хрватската глаголица има долга и интересна историја, подолга од 1000 години. Хрватите биле единствениот народ во Европа кому Папата му има дозволено да се користи со сопствениот јазик и писмо во црква. Денес глаголицата се користи само кај црковнословенските и понекогаш во литургиските книги на мајчин јазик во католичката Крижевска епархија во Хрватска. На територијата на Македонија престанала да се користи во 12. век кога е сменета со кирилицата.