„Денот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“ оваа година беше одбележан во Риека, на 29 октомври 2022 година, во ХКД „Сушак“ и под покровителство на Советот за националните малцинства на Република Хрватска. На манифестацијата беше претставена досегашната работа на секциите на сите МКД-а во состав на ЗМРХ со настапи на фолклорни, пејачки, инструментални, рецитаторски, детски и етно групи. Исто така, беше поставена изложба на списанието „Македонски глас“ во издание на ЗМРХ, како и ликовни и етно ракотворби од етно работилниците на друштвата. Настанот воедно ја одбележа и 30-годишнината од постоењето на ЗМРХ. Манифестацијата ја увеличаа и многу угледни гости, званици и посетители.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 139.































