На 24 јули 2014 година во прекрасна и свечена атмосфера во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, ги врачи одликувањата и признанијата „Македонија памти“. Заедницата на Македонците во Република Хрватска го доби признанието „Повелба на Република Македонија“ за особени заслуги и достигнувања во својата дејност како организација за зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности во светот, како и за придонесот за унапредување на пријателските односи и соработка на Република Македонија со Република Хрватска. Признанието во име на Заедницата на Македонците во Република Хрватска го прими проф. д-р Васил Тоциновски, раководител на Лекторатот за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 90.



















