Традиционална свечена академија на најстариот македонски дневен весник се одржа во просториите на Европското движење во Диоклецијановата палата. Пред бројни угледни личности од светот на политиката, културата и образованието, по втор пат, беше организирана Свечена академија на „Нова Македонија“ во Хрватска. Меѓу другото, беше потенцирана улогата што ја има овој македонски медиум во негувањето и продлабочувањето на врските меѓу македонскиот и хрватскиот народ. Во таа насока, поздравни честитки упатија претседателите на РХ и РМ, Иво Јосиповиќ и Горѓе Иванов, како и хрватскиот амбасадор во РМ, Златко Крамариќ.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 71.








