Барутница – Анзабегово, Штип

Барутница - Анзабегово, Штип

Локалитетот Барутница кај с. Анзабегово е откриен за време на рекогностицирање од Народниот музеј Штип. Се наоѓа на 2 км. југозападно од селото, расположен на левата страна долж железничката пруга Велес-Кочани. Теренот представува блага падина на ридот што се издига во селото и во правец на југозапад се спушта до рекичката позната како Орловска, односно Светиниколска река.

Керамички садови од неолитот украсени со боење, Барутница, Анзабегово, Штип

Средно неолитски садови од Анзабегово – вршничка група

Извор: Македонска нација

Comments are closed.