Тумба – Маџари, Скопје

Тумба - Маџари, Скопје

 

 

Најпознат археолошки локалитет, кој истовремено е и еден од најстарите во Македонија и на Балканот, е Тумба во Маџари населба од неолитското време. Се наоѓа на просторот меѓу современите населби Маџари 2 и Ченто, на околу 700 метри од левата страна на автопатот Скопје-Куманово-Велес. Врз основа на археолошките ископувања, констатирано е дека се работи за остатоци од повеќеслојна населба, со културен слој од 3 метра, во кој се разграничуваат три хоризонти на живеење од времето на средниот неолит. Тоа е населба од четириаголни куќи од дрво и кал со сламени покриви. Во објектите се најдени остатоци од огништа и голем број предмети од материјалната култура, од кои најзастапени се керамичките садови (амфори со орнаменти, ќупови, чинии, пехари, како и скулптури на овен-бик, коза и кентаур, суштества на кои им се поклонувале). Најпозната е теракотната скулптура наречена Голема Мајка.

Извор: Тумба Маџари

Comments are closed.