Во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек, на 14 и 15 јуни 2013 година се одржаа „16. Денови на браќата Миладиновци“ во Осиек и Ѓаково. Манифестацијата опфати првиот ден полагање венци на местото на родната куќа на Ј. Ј. Штросмаер со настап на секциите на Друштвото, и предавање на проф. д-р Борислав Павловски „Нови хрватски преводи на македонски книжевни дела“ и претставување на јубилејните изданија на Зборникот на браќата Миладиновци во Осиек. Идниот ден во Ѓаково, со традиционално полагање венци на гробот на Ј. Ј. Штросмаер и разгледување на спомен-музејот, одржано е истото предавање и претставување, со настап на музичката секција на Друштвото.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 83.

















