Оваа 2014 година по осми пат се одржа школата по македонски јазик во летниот камп „Еуроклуб“ на островот Шолта во Хрватска. Околу 40 деца од Хрватска кои го изучуваат македонскиот јазик како изборна настава по „моделот Ц“ и оваа година учествуваа во реализација на часовите по македонски јазик. Летниот камп на Шолта, кој се одржа од 27 јули до 3 август во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и македонското културно друштво „Македонија“ од Сплит, финансиран e од Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 90.




















