На 13 ноември 2014 година на отворената сцена на саемот на книги „Интерлибер“ на Загрепскиот велесаем, беше претставен првиот „Хрватско-македонски разговорен прирачник“. Прирачникот го издаде Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб во соработка со издавачката куќа „Доминовиќ“, а преводот и воведниот дел го потпишува Марија Георгиева-Петриќ, судски преведувач за македонски јазик.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 92.











