Средба со ученици од Првата гимназија во Загреб

Средба со ученици од Првата гимназија во Загреб

  

  

На 17 февруари 2016 година Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, во своите простории остварија средба со учениците кои ја посетуваат изборната настава по македонски јазик и култура по моделот Ц во Првата гимназија во Загреб. Учениците дојдоа со својата професорка Тинка Барбутов Крстева, а ги пречекаа секретарките на ЗМРХ и МКД, Елизабета Петровска и Виолета Штерјова. Тема на средбата беше запознавање на учениците со работата на македонските здруженија и претставување на книгите на Елизабета Петровска.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 99.

Comments are closed.