Оваа 2018 година група од 66 деца со нивните водители од сите поголеми градови во Хрватска од 05.-12.08. присуствуваа на училиштето по македонски јазик и култура со работилници за прв пат во летниот камп „Еуроклуб – Луша“ во Бродарица, Шибеник. Летниот камп е во организација на Заедницата на Македонците во РХ и претставникот на македонското национално малцинство во Сплитско-далматинската жупанија, Ангел Митревски од Сплит, а финансиран e од Министерството за наука и образование на РХ.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 114.



























