По повод „Меѓународниот ден на книгата и авторските права“ и „Денот на хрватската книга“, на 23 април 2019 година во просториите на Заедницата на Македонците во РХ во Загреб, одржана е „Ноќ на книгата 2019“, манифестација која веќе осма година по ред во Хрватска ги популаризира книгата и читањето. Овогодишната „Ноќ на книгата“ ЗМРХ ја одржува по петти пат во соработка со МКД „Охридски бисер“ од Загреб. Книжевната вечер „Запознајте го македонското народно творештво“ беше на тема „Итар Пејо – јунак на македонските народни приказни“, со претставување на книги во издаваштво на ЗМРХ и читање на народни преданија и анегдоти на македонски јазик во изведба на членовите на работилницата по македонски јазик за возрасни.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 118.























