Во организација на Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, на 23 октомври 2019 година во просториите на ЗМРХ се одржа културната манифестација „Хрватско-македонски културни врски“. Трибината беше на тема „Златната книга на браќата Миладиновци“, а настанот се реализираше под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ. Трибината ја водеше Лидија Бариќ, водителка на литерарно-драмската секција „Ленка“ и на Работилницата за возрасни „Негување на македонскиот јазик и македонската култура“ при Друштвото.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 121.

















