Коронавирусот ги запре активностите и во ЗМРХ

Коронавирусот ги запре активностите и во ЗМРХ

Поради целокупната ситуација со коронавирусот во Република Хрватска, Заедницата на Македонците во РХ одлучи да ги прекине сите активности и настани кои се поврзани со присуство на повеќе луѓе. Во соопштението кое го потпиша претседателот на Заедницата на Македонците во РХ, Илија Христодулов, им се советува на македонските културни друштва од Загреб, Риека, Пула, Осиек, Задар и Сплит да ги одложат предвидените настани и културни манифестации, во смисла на почитување на мерките за превенција од натамошно ширење на вирусот КОВИД-19. Оваа одлука се надоврзува на почитувањето на препораките на Националниот стожер на цивилна заштита, како и мерките што ги препорачуваат локалните и регионалните власти.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 123.

Comments are closed.