Венка Џанко, Македонка со потекло од струмичкиот крај, од 22 февруари 2018 година го презеде местото на нов претседател на Македнското културно друштво „Македонија“ – Сплит. Како долгогодишен член и една од основачите на ова Друштво, денес е горда Македонка која живее во Сплит и после долги години сѐ уште се труди и придонесува на најрепрезентативен начин да ја претстави и сочува македонската култура надвор од границите на Македонија, како и да го сочува идентитетот на Македонците кои живеат во Сплит и пошироко.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 112.








