Заедницата на Македонците во Република Хрватска, МКД „Охридски бисер“ од Загреб и Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, на 23 април 2018 година заедно организираа книжевна вечер во рамките на манифестацијата „Ноќ на книгата 2018“, која се одржува по повод „Светскиот ден на книгата и авторските права“ и „Денот на хрватската книга“. Четврта година по ред просториите на ЗМРХ во Загреб беа претесни да ги соберат оние на кои им е заедничка страста и љубовта кон читањето.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 112.
















