Општи информации за Македонија

Факти

Назив: Република Македонија

Грб: Во внатрешноста на грбот се наоѓа вода, која го претставува Охридското езеро, планина, која ги претставува планините на Македонија, и сонце, како национален симбол на Македонија со своите зраци. Обиколен е со венец кој се состои од златни плодови на афион, листови на тутун и класови жито, во дното на кој е црвена трака со бел вез.

Знаме: Знамето е составено од црвена позадина на која има златно сонце. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Тоа претставува „ново сонце на слободата“, испеано во македонската национална химна.

Химна: “Денес над Македонија”

Himna R. Makedonje – vokalno-instrumentalna verzija

“Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!
 
Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
 
Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слобoднo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!”
 

Местоположба: Југоисточна Европа, Балкански полуостров

Површина: 25.713 км2

Главен град: Скопје, економски, културен и индустриски центар на Македонија (550.000 жители)

Поголеми градови: Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Охрид

Независност: 8 септември 1991.

Државни празници: – 24 Мај, “Св. Кирил и Методиј” – Ден на сесловенските просветители; – 2 Август, Ден на Републиката; – 8 Септември, Ден на независноста; – 11 Октомври, Ден на народното востание; – 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и – 8 Декември, “Св. Климент Охридски”

Празници: – 1 Јануари, Нова година; – Бадник, ден пред Божик, 6 Јануари според православниот календар; – Божик, првиот ден на Божик, 7 Јануари според православниот календар; – 19 Јануари, Богојавление (Водици) според православниот календар; – Велики Петок, петок пред Велигден според православниот календар; – Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; – 1 Мај, Ден на трудот; – 28 Август, Голема Богородица според православниот календар; – Духовден, петок пред Духовден според православниот календар и – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Устав: усвоен на 17 ноември 1991, на снага од 20 ноември 1991

Број на жители: 2.046.209; 2001.

Право на глас: 18 години; македонско државјанство

Етнички состав: Македонци 66,6%, Албанци 22,7%, Турци 4%, Роми 2,2%, Срби 2,1%, останати 2,4% (проценка од 1994.)

Јазици: македонски 70%, албански 21%, турски 3%, српскохрватски 3%

Национална валута: македонски денар (МКД), 1 ЕУР = 61,81 (1 јуни 2011.)

Верска припадност: православни 67%, муслимани 30%, останати 3%


Географија

Местоположба: Југоисточна Европа, ја обиколуваат Србија, Косово, Албанија, Грција и Бугарија

Географски координати: 41 50 N, 22 00 E

Површина: вкупна: 25.333 км2, копнена: 24.856 км2, водена: 477 км2 (2%) од територијата на земјата

Копнени граници: Србија 62 км, Косово 159 км, Албанија 151 км, Бугарија 148 км и Грција 246 км

Обала: 0 км (обиколена со копнена граница)

Клима: долги, топли, суви лета и есени со многу сончеви денови во текот на годината, и оштри и студени зими со многу снег

Релјеф: брдско-планинско подрачје (75%) покриено со длабоки речни базени и долини; 3 големи тектонски езерасместени на јужната граница (Охридско, Преспанско и Дојранско езеро); 35 поголеми и помали реки; 50 вештачки езера; најголемата река Вардар (388 км должина, од кои 301 км проаѓа низ Македонија) ја дели земјата на два дела

Висинска разлика: најниска точка: реката Вардар 50 м; највисока точка: врвот Голем Кораб 2.764 м надморска височина

Природни ресурси: хром, олово, цинк, манган, волфрам, никел, железна руда со низок квалитет, азбест, сумпор, дрво, обработлива земја; геолошкиот состав, релјефот, климата, хидрографијата, тлото, флората и фауната, овозможија Македонија да се вброи меѓу ретките земји на Европа со богато природно наследство;  3 национални паркови (Пелистер, Маврово и Галичица), 4 строги природни резервати, и бројни споменици на природата

Туризам: највеќе се нуди во склопот на природните езера, скијашките центри, бањскиот и ловен туризам; летната понуда е концентрирана на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, а најголемите зимски рекреативни центри се Пелистер, Шар Планина, Бистра и Маврово

Гастрономија: понудата е голема и богата, репрезентативна македонска кујна на Балканот, со турско, грчко и блискоисточно, и во помала мера медитеранско влијание поради релативно топлата клима која овозможува одлични услови за одгледување на различни овошја и зеленчуци, и зачини и билки; различни млечни производи и алкохолни пијалоци како познатите македонски вина, ракии и мастика

             

Културно наследство: земја на разни народности и религии; поради својата богата историја и мешањето на различни култури, има многу богато културно наследство; во 1980 година градот Охрид и Охридското езеро се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО

Археолошки локалитети: Хераклеа Линкестис, Скупи, Стоби, Кокино и др.; обалата на Охридското езеро е населена од времето пред новата ера, најстарите археолошки населби датираат од времето на неолитот, околу 6.000 години пред новата ера, а само на македонската сливна страна се откриени повеќе од 170 археолошки локалитети

Традиционални уметности: изворната народна музика и македонските ора се одликуваат со богати кореографски движења на играорците, придружувани со народните инструменти како што се тапан, зурла, кавал и гајда, а најчесто се свират неправилни ритмови; македонско фреско – сликарство и иконографија, резбарство, кујунџиство – филигранство, и изработка на народни носии со богати колоритни мотиви;
во средниот век Македонија била црквено-манастирски центар на Балканот, а голем дел од овие објекти и ден денес привлекуваат со својата архитектонска и сликарска грандиозност

       

Историја

Македонската историја денес поттикнува големо занимање кај светската јавност, највеќе поради значајните личности кои македонскиот народ ги дал во прилог на севкупната човечка цивилизација. Најпознати меѓу нив се Александар Велики Македонски во чие време македонската империја се проширила на три континента, светите браќа Кирил и Методиј, автори на првото писмо на словенските народи, и нивниот ученик Климент Охридски кој подоцна ја напишал ќирилицата.

Во 1395 година започнува петстогодишната турска окупација на Македонија. Еден од поважните датуми од мачната и тешка историја на македонскиот народ е 2 август 1903, кога со Илинденското востание во градот Крушево е создадена првата република на Балканот.

По Балканските војни (1912-1913) територијата на Македонија беше поделена помеѓу Грција, Србија и Бугарија.

Во 1945 година Македонија станува дел од СФРЈ каде останува сѐ до 1991 година кога на 8 септември успешно е спроведен референдумот за независност. Уставот на државата е изгласан на 11 ноември 1991. Во април 1993. година Македонија е примена како полноправна членка во организацијата на УН, но поради политичкиот притисок на Грција, под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Сепак, 114. земји членки на УН ја признаа Македонија под нејзиното уставно име.

Денес Македонија има статус на кандидат за земја членка на Европската Унија.

Comments are closed.