За македонската историја

За македонската историја

Македонците се европски народ кој ја населува историско-географската област Македонија. Поголемиот дел од Македонците живее во Република Македонија, и има значителни македонски малцинства во Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик и припаѓаат во групата на јужнословенски народи.

Целата историја на македонскиот народ е една непрекината борба за зачувување на својата слобода и достоинството. Почнувајќи од војните меѓу македонските Словени и Византиската Империја, војните против Османлиите, буните на Македонците против турското ропство, масовните вооружени востанија против Османлиите на крајот од XIX и почекотокот на XX век, сѐ до револуционерното движење и антифашистичката народносослободителна борба 1941-1944 во Вардарска Македонија и 1943-1949 во Егејска Македонија.

Македонците се претежно православни христијани, припадници на Македонската Православна Црква. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците и протестантите. Исто така, постои одреден број на атеисти.

Comments are closed.