Македонската музика е составен дел на македонската култура и традиција. Нејзината единственост е во спојот на различностите што настанале под влијание на други култури со кои се сродила во текот на својата историја. Музиката во Македонија со своите впечатливи и несекојдневни стилови и ритмови го привлекува вниманието на многу музичари и вљубеници во музиката низ целиот свет, претставувајќи го своето музичко богатство на бројни фестивали, концерти и слични настани.
* * *
„Кога си во Македонија ниту пеј, ниту играј – ем ќе те натпеат, ем ќе те надиграат…“
* * *
„Песната на Македонија е нејзина молитва, огледало на нејзината душа и нејзина воздишка. Македонија не создала сложени инструменти. Не измислила инструменти како што е клавирот, така сложен и богат. Таа нема сонати и симфонии. Песната и е проста, проткаена со неискажано многу тага, со едно трогливо спокојство во кое има и плач и мака, но и надеж.“ (извадок од недовршениот есеј на Кочо Рацин за македонската народна песна)
* * *
„Нема ништо подобро од старата добра македонска песна.“