Античка Македонија

Античка Македонија

 Македонија во античко време била кралство кое ја опфаќало територијата на денешна Република Македонија и Беломорска или Егејска Македонија, во северниот дел на денешна Грција, на запад се граничело со Илирија, на југозапад граници на кралството допирале до кралството Епир, на север во почетокот кралството се граничело со Трибалите, а подоцна со Дарданија, додека пак на исток кралството се граничело со Тракија. Подоцна Кралството Македонија станало најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил речиси целиот познат свет во тоа време и со тоа го започнал македонскиот период на светската историја.

Во античка Македонија градовите живееле и исчезнувале жестоко и насилно. Освен што биле напаѓани и разурнувани од северните варварски Готски племиња, од Илирите, како и од рацете на Римската империја, многу биле уништувани и од природни катастрофи како што се земјотресите. Подоцна овој простор станал важна провинција на Римското царство, како и едно од средиштата за ширење на Христијанството.

Траговите на античка Македонија и денес се видливи на археолошките локалитети Стоби во Велес, Скупи во Скопје, Стибера во Прилеп, Хераклеја во Битола, Античкиот театар во Охрид…

Сонце со кралската дијадема во сончевата топка – симбол на античко-македонското кралство

Карта на античка Македонија

Карта на македонското царство во времето на Александар Македонски

Comments are closed.