Традиционалната манифестација на културното творештво на националните малцинства во РХ се одржа на 5 ноември 2006 година во Концертната сала “Ватрослав Лисински” во Загреб. Под високо покровителство на Владата на РХ и во организација на Советот за национални малцинства на РХ шеснаесет малцински заедници, унии, сојузи и културни друштва со над 600 учесници го претставија своето културно национално богатство.
Заедницата на Македонците во РХ на манифестацијата настапи со пејачката група “Македонија” и инструменталниот состав “Македо” од МКД “Македонија” од Сплит и со пејачката група “Моми бисерни” од МКД “Охридски бисер” од Загреб, под водство на Олга Барбир и Лидија Кочовска.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 48.














