Честа да ги отворат „26. Денови на македонската култура – Денови на Св. Кирил и Методиј“ во Сплит на 19 април 2017 година им припадна на актерите на Македонскиот народен театар од Штип кои гостуваа со претставата „Отворач за конзерви“ на сцената на ХНК во Сплит. Утредента, во просториите на МКД „Македонија“ од Сплит беше претставен триптихот на песни „Црвени-бели-сини“ на претседателката на ХКД „Либертас“ од Штип, Долорес Кашуба.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 106.













