Заедницата на Македонците во РХ и МКД „Македонија“ од Сплит, под покровителство Советот за националните малцинства на РХ, ги обележаа „28. Денови на македонската култура – Св. Кирил и Методиј“ во Сплит. На 19 мај 2019 година беше отворена филателистичка изложба на стари македонски разгледници и пригодни коверти кои го поврзуваат македонскиот и хрватскиот народ „Македонија така далечна, а така блиска“ од авторот Драгољуб Сиљаноски во просториите на Друштвото, а на 24 мај во Градскиот театар на млади традиционално беше одржана Свечената академија на МКД „Македонија“. Завршниот дел од манифестацијата се одржа на 2 јуни во просториите на Друштвото, со организирање на трибина „Македонски културни врски со соседите и пошироко“, на која предаваше Љупчо Арсовски од Скопје.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 119.
























