Неодамна, во издание на Заедницата на Македонците во Република Хрватска, од печат излезе книгата „Стари македонски семејства во Хрватска (Stare makedonske obitelji u Hrvatskoj)“ отпечатена на македонски и хрватски јазик, како трета книга на Апостоловска („Стари семејства“ 1998 – Скопје и „Танго“ 2004 – Загреб). Таа е дипломиран новинар со богато 30-годишно новинарско искуство. Работела во најзначајните дневни весници во Македонија, а била и главен уредник на две списанија. Денес живее во Загреб, пишува за медиумите во Македонија и е главна и одговорна уредничка на „Македонски глас“.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 69.








