Во пресрет на 100-годишнината од раѓањето на големата хуманистка и нобеловка за мир, скопјанката Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза, во организација на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза” од Скопје, од 04 до 19 мај 2009 година се одржа хуманитарен маратон од Скопје до Рим и Ватикан со македонскиот спортист – хуманист, велосипедистот Марјан Горгиев, кој имаше за цел да ја пренесе пораката од граѓаните на Македонија до Папата Бенедикт Шеснаесетти да ја посети Македонија и Мајка Тереза да ја прогласи за светица.
Учесниците на маратонот, кој беше поддржан и од Владата на РМ, на својот пат до Ватикан поминаа и во Загреб. По тој повод, на 10 мај во салата на Зелена акција во Загреб, во организација на Заедницата на Македонците во РХ, МКД „Охридски бисер” и Амбасадата на РМ во РХ, се одржа хуманитарен хепенинг со проекција на документарниот филм на сценаристот Стојан Тренчевски и режисерот Кирил Узунов „По скопските патишта од младоста на Мајка Тереза”, промоција на книги посветени на оваа хуманитарка и изложба на уникати и слики – цвеќиња на мирот од македонскиот сликар Живко Поповски-Цветин.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 59.