12. „Денови на браќата Миладиновци“, одржани на 5 и 6 јуни 2009 година во организација на Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек и Заедницата на Македонците во Република Хрватска, тематски и содржински и останаа доследни на својата традиција која инсистира врз аманетот на струшките браќа: пишаниот збор без кој нема трајна историја.
Во нејзините рамки и оваа година на гости во Осиек и Ѓаково беше добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобро поетско остварување на македонски јазик меѓу две Струги, Ристо Лазаров од Скопје. Во Ѓаково беше претставен и Зборникот посветен на „Деновите на браќата Миладиновци“ на Благоја Јовановски.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 59.