На Илинден (Св. Илија), најголемиот македонски национален празник, на 1 август 2009 година во Националниот парк Голубињак во општина Локве, Заедницата на Македонците во Република Хрватска, под покровителство на Советот на националните малцинства при владата на РХ, Град Риека и Приморско-горанска жупанија, организира централна прослава и одбележување на „Илинден 1903 – 2009“.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 60.














