На покана на претседателот на Хрватскиот сабор, Лука Бебиќ, делегација на македонското Собрание предводена од претседателот Трајко Вељаноски, а во чиј состав беа и Благородна Дулиќ, претседателка на пратеничката група на македонското Собрание за соработка со Парламентот на Република Хрватска, и пратениците Томе Чинговски и Вулнет Амети, членови на комисијата, на 8 и 9 октомври 2009 година престојуваше во дводневна официјална посета на Република Хрватска. За време на посетата, на 8 октомври, во хотелот „Вестин“ во Загреб, во организација на Амбасадата на РМ во РХ, се одржа средба на делегацијата со претставниците на здруженијата на македонското национално малцинство во Република Хрватска.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 61.