На покана од претседателот на Република Хрватска, Стјепан Месиќ, првата официјална посета на странска држава на новиот македонски претседател, Ѓорге Иванов, се оствари во Република Хрватска, а се одржа од 13 до 15 јули годинава. За Македонците кои живеат во Хрватска овој настан причини голема чест и задоволство, особено поради желбата на претседателот да се сретне и со нив, иако програмата на оваа државничка посета беше комплетно исполнета, а времето кусо.
Амбасадата на РМ во РХ на 13 јули во попладневните часови во хотелот „Вестин“ во Загреб, организираше средба со претседателот Иванов и со министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, со неговите соработници. На средбата беа присутни претставници од сите македонски асоцијации во Хрватска, на чело со Заедницата на Македонците во РХ и нејзините претставници од културните друштва од Осиек, Риека, Пула, Сплит, Задар и Загреб.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 60.