На 5 aприл 2008 година во Сплит се одржа Редовното Изборно Собрание на Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Со присуство на делегати од македонските друштва од Загреб, Риека, Пула, Задар, Осиек и Сплит се расправаше за остварените и планираните активности на Македонците во РХ.
На Собранието се именуваа членови за новите четворогодишни мандати на управните тела, при што за претседател повторно е избран Ангел Митревски, а за потпретседатели Јагода Тренеска – Цветичанин и Никола Гроздановски.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 53.