Во Скопје на 17 мај 2007 година, Заедницата на Македонците во Република Хрватска имаше прилика да претстави две свои книги: “Крлежа и Македонија” на Огнен Бојаџиски и збирката поезија “Солзи полни насмевки” на Елизабета Петровска. Покровител на промоцијата беше Агенцијата за иселеништво на РМ, а се одржа во елитната сала во Клубот на пратениците. Овие две сосема тематски различни книги кај публиката предизвикаа голем интерес и комплименти.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 50.













