Состојки
1 кг зелени и/или црвени свежи пиперки, 1 кг свежи домати, 2 свежа модра патлиџана, 2-3 чешниња лук, магдонос, масло, сол
Подготовка
Најнапред чешнињата лук со малку сол се толчат во дрвен сад. Пиперките, печени, олупени и со извадени семки, доматите и модрите патлиџани постепено се додаваат во дрвениот сад и се продолжува да се толчи. Се посолува по вкус и мешајќи со дрвена лажица полека и постепено се додава врело масло. Се украсува со магдонос. Се сервира во традиционален македонски земјен сад и се јаде со македонско домашно лепче и сирење. Пинџурот може да се послужи и како додаток на некое главно јадење, динстано месо, печено месо на скара, а може да послужи и како предјадење.
Пинџур на велешки начин
Состојки
20 поголеми свежи пиперки, може и неколку лути, 1 кг свежи домати, 2 сважа модри патлиџана, главица лук, 100 гр толчени ореви, зејтин, сол
Подготовка
Пиперките измијте ги и пропржете на врел зејтин, а потоа излупете ги и извадете им го семето. Излупете ги доматите, исечкајте ги ситно и во зејтинот каде што се пржеле пиперките, пржете ги сè додека не излезе зејтинот oдозгора. И мoдриот патлиџан испечете го и излупете. Во дрвен сад истолчете го лукот со сол, пoтоа толчете ги пиперките, па модриот патлиџан и на крај ставете гo сосот од дoматите. Измешајте добро и ставете ги во сад на тивок оган да зовријат додека смесата не се изедначи. Пинџурот се служи ладен.