На 29 јули 2006 година во националниот парк „Голубињак“ во општина Локве во Горски Котар, беше одбележан македонскиот национален празник Илинден. Чест да ја организира оваа илинденска прослава му припадна на МКД “Илинден” од Риека, а беше финансирана од Советот за националните малцинства при Владата на РХ и Заедницата на Македонците во Република Хрватска.
На 2 август Илинден беше одбележан и во Самобор.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 47.




















