Во Самобор на 25 ноември 2006 година се одржа културната манифестација “Рацинов ден” во спомен на познатиот македонски поет Кочо Рацин. Тоа е ден на сеќавање кога во 1939 година излезе од печат неговата прва поетска стихозбирка на македонски јазик “Бели мугри”. Оваа манифестација се одржа во организација на Заедницата на Македонците во РХ, а под покровителство на Советот за национални малцинства при Владата на РХ и Поглаварството на Самобор.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 48.










