Керамички неолитски фрагмент (од сад или друг култен предмет) обликуван во форма на стилизирана човечка глава пронајден на археолошкиот локалитет Церје, Говрлево, Скопје
Голема Мајка – скулптура од неолитот, V милениум п.н.е., пронајдена на археолошкиот локалитет Церје, Говрлево, Скопје
“Адам од Македонија” е назив на мала керамичка фигура која датира помеѓу 4. и 3. милениум п.н.е. и представува еден од десетте уникатни археолошки наоди во светот. Тоа е фигура на машко торзо во седечка положба, откриена во 2000 година на археолошкото ископување на локалитетот Церје, Говрлево, Скопје
Од бронзено време (3000-1200 г. п.н.е.), околу 1500 г. п.н.е. потекнува праисторискиот бронзен печат од локалитетот Церје, Говрлево, Скопје
Керамички печат од локалитетот Церје, Говрлево, Скопје (околу 6000 г. п.н.е.)











