Каролина Гочева – пејачка

Каролина Гочева - пејачка

Каролина Гочева (родена на 28 април 1980 во Битола) е позната македонска поп пејачка на забавна музика. Голем успех постигнува во Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора, а од 2007 година, позната е и на пошироката хрватска јавност, бидејќи настапува на Хрватскиот радијски фестивал.

Својот прв јавен настап го имала на 11 годишна возраст кога настапувала на детските фестивали во Битола и Штип. Досега снимала песни на македонски, англиски, српски и хрватски јазик. Имала и многу успешни дуети со Тоше Проески, Аки Рахимовски и групата Фламингоси.

Во 2002 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Талин, Естонија, со песната „Од нас зависи“ и го освои 19. место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, по втор пат ја претставува Македонија на Евровизија и се пласира на 14. место со песната „Мојот свет“.

Албуми: “Мамо, пушти ме”, 1992; “Јас имам песна”, 2000; “Зошто сонот има крај”, 2002; “Знаеш колку вредам”, 2003; “Во заборав”, 2005; “Македонско девојче”, 2008; “Капка под небото”, 2010.

Comments are closed.