„Деновите на браќата Миладиновци“ започнаа на 18 мај 2012 година со отворање на изложбата слики – Циклусот релјефи (црвено, виолетово, бело) на Крунислав Стојановски во Осиек, познат македонски уметник кој живее и твори во Загреб. Продолжија на 19 мај со организирање на традиционалната „Македонска вечер“. На 4 јуни на манифестацијата во Осиек беше претставен Бранко Цветкоски од Македонија, поетот-добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезија, а на 5 јуни продолжија во Ѓаково со приемот кај градоначалникот, посета и положување венци на гробот на бискупот Јосип Ј. Штросмаер во Ѓаково и прием кај надбискупот Сракиќ. На градот Ѓаково, осиечани му го подарија и претставувањето на поетот Бранко Цветкоски со пригодна програма од секциите на Друштвото.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 77.



















