21. Денови на македонската култура – Св. Кирил и Методиј – Сплит

21. Денови на македонската култура - Св. Кирил и Методиј - Сплит

 

 

 

 

 

 

 

„21. Денови на македонската култура – Св. Кирил и Методиј“ кои ги одржува МКД „Македонија“ од Сплит, а во организација на Заедницата на Македонците во РХ, оваа година почнаа на 14 април, а завршија на 25 мај. Манифестацијата започна во просториите на МКД „Македонија“ во Сплит на 14 април со отворањето на изложбата икони „Во пресрет на Велигден” на уметничката Вера Буловиќ-Исмаиловски од Загреб. На 14 мај најстариот македонски дневен весник „Нова Македонија“ во просториите на Европското движење во Сплит ја одржа својата трета Свечена академија. Веднаш следниот ден, на 15 мај, беше отворена изложбата на сликарско-копаничарската колонија „Папрадински мајстори“ од Велес, РМ. Во Богословијата на Сплитско-макарската надбискупија во Сплит на 25 мај беше одржана Свечената академија на МКД „Македонија“. Манифестацијата заврши во просториите на МКД „Македонија“ во Сплит на 26 мај, со одржувањето промоција на две стихозбирки „Носталгија и љубов“ на авторката Мирјана Мајиќ и „Сјајот на скршениот кристал“ на авторката Елизабета Петровска.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 77.

Comments are closed.