Во декември се објавени резултатите од пописот на жителите во Хрватска од 2011 година. Според официјалните податоци во Хрватска се регистрирани 4.138 Македонци, што е за сто жители помалку од пописот пред десет години. Тренд на намалување на бројот на населението е забележен и на ниво на Хрватска, каде според последните показатели се евидентирани 4.284.889 жители, што е за 152.571 жител помалку отколку што тоа го покажал пописот во 2001 година.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 80.