Нова книга и промоција: Македонско-хрватска тангента – Сашо Георгиевски

Нова книга и промоција: Македонско-хрватска тангента – Сашо Георгиевски

 

 

 

Сашо Георгиевски политиколог и дописник на „Нова Македонија“ од Хрватска, книгата ја посвети на ЗМРХ, која воедно е и издавач и зазема посебно место на страниците на ова дело, како и на најстариот македонски дневен весник „Нова Македонија“.

Првата промоција на „Македонско-хрватската тангента“ се случи на 13 декември 2012 година во Шибеник, во преполнетата сала на Хрватскиот народен театар, во присуство на истакнати личности од политичкиот, културниот и од јавниот живот од Далмација и претставници од македонската дијаспора.

Книгата ја претставија Даворка Блажевиќ, политички коментатор во „Слободна Далмација“, Александар Губерина, истакнат хрватски кипар и Ангел Митревски, член на Советот за национални малцинства при Владата на Хрватска и потпретседател на Заедницата на Македонците во РХ. А за значењето на ова дело говореа и градоначалникот на Шибеник д-р Анте Жупановиќ и директорот на библиотеката „Јурај Шижгориќ“ Вилијам Лакиќ.

Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 80.

Comments are closed.