„22. Денови на македонската култура – Св. Кирил и Методиј“ кои ги одржува МКД „Македонија“ од Сплит, а во организација на Заедницата на Македонците во РХ, оваа 2013 година почнаа на 09, а завршија на 23 мај. Манифестацијата започна во Градската библиотека „Марко Марулиќ“ во Сплит на 09 мај со отворањето на изложбата „Кочо Рацин” на 20-тина македонски академски сликари. На 14 мај најстариот македонски дневен весник „Нова Македонија“ во просториите на Европското движење во Сплит ја одржа својата Свечена академија. Веднаш следниот ден, на 15 мај, беше одржана промоција на книгата на Сашо Георгиевски „Македонско-хрватска тангента“ во просториите на МКД „Македонија“ во Сплит. Во просториите на Европското движење во Сплит, на 17 мај се одржа трибина под наслов „Поделбата на Македонија со Букурештанскиот споразум во 1913 година“ со предавачи од Институтот за историја на Р. Македонија од Скопје. Манифестацијата заврши на 23 мај во Семеништето на Сплитско-макарската надбискупија во Сплит каде беше одржана Свечената академија на МКД „Македонија“.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 82. и 83.

















