Во чест на Тоше беше посветена овогодишната културна манифестација „Ден на Заедницата на Македонците во РХ“, како всушност и сите други случувања што беа организирани во Нова Градишка на 12 октомври, под покровителство на Советот за националните малцинства на РХ, Туристичката заедница и Градот Нова Градишка.Шесте македонски културни друштва „Охридски бисер“ од Загреб, „Билјана“ од Задар, „Браќа Миладиновци“ од Осиек, „Илинден“ од Риека, „Св. Кирил и Методиј“ од Пула и „Македонија“ од Сплит, чии секции цела година аматерски, но мошне активно и вредно работат, достојно го презентираа духовното богатство на македонската изворна традиција низ песни, музика, фолклор, претстави, рецитали…
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 85.