На 36. Меѓународен саем на книги „Интерлибер“ кој траеше од 12-17 ноември 2013 година, меѓу 240 изложувачи своето издаваштво за прв пат го претстави и Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, заедно со Заедницата на Македонците во РХ и Хрватско-македонското друштво. Заедницата освен понудените 31 книга, ги промовираше и изданијата на списанието „Македонски глас“, додека Советот и Хрватско-македонското друштво изложија по пет свои печатени наслови.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 86.