Во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек, на 17 и 21 јуни 2014 година се одржаа „17. Денови на браќата Миладиновци“ во Осиек и Ѓаково. Манифестацијата опфати отворање на мултимедијалната изложба на современи македонски уметници под назив „Свежа како домат“ во Осиек, а во Ѓаково, со традиционално полагање венци на гробот на Ј. Ј. Штросмаер и разгледување на спомен-музејот, одржана е промоција на книгата „40 години во знакот на поврзувањето и клавирскиот мозаик“ на авторката Јагода Тренеска Цветичанин.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 89.













