Заедницата на Македонците во Република Хрватска летово се закити со уште една вредна благодарница. Радио Македонија на Македонската радио телевизија на јубилејната „10. Средба на радио пријателите на емисијата „Глас од татковината“ на Радио Македонија“ во Дојран на 8 август 2014 година, додели благодарници на најзаслужните долгогодишни активни соработници и радио пријатели на емисијата „Глас од татковината“. Во просториите на редакцијата на Радио Македонија во Скопје, благодарницата во името на Заедницата на Македонците во Република Хрватска ја прими секретарот Елизабета Петровска, а ѝ ја врачи Даниела Левковска, една од водителките на емисијата „Глас од татковината“.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 90.









