Изразуваме голема благодарност до Република Хрватска која донираше 100.000 евра за помош на поплавените подрачја во Република Македонија, со кој хуманитарен гест уште еднаш се потврдија вековно добрите односи на овие две пријателски држави.
Акцијата сè уште трае. Да помогнеме и донираме за поплавените во Македонија! Сите заинтересирани граѓани можат да ја достават хуманитарната помош во просториите на Амбасадата секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот. Донации во финансиски средства можат да се уплатат на: Амбасада на РМ во РХ, ул. „Краља Звонимира“ бр. 6/1, Загреб; IBAN: HR2323600001501442004, Загребачка банка.
Повеќе за тоа прочитајте во “Македонски глас” бр. 93.













